Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за вработување Куманово се поднесени 108 апликации, за самовработување со неповратни средства од 3200 евра.
Апликантите имаат различни идеи за бизнис кои сакаат да ги реализираат со оваа финансиска помош.
Има од услужни дејности, трговија на големо и мало, информации и комуникации, преработувачка индустрија, има од сè по нешто. Задоволни сме од интересот. Апликантите ќе бидат повикани во Центарот за вработување Куманово и неколку дена ќе следат обука. Со консултанти ќе изготват бизнис план кој ќе оди на оценување во Скопје - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Во мај ќе се знае кои од апликантите ќе добијат неповратни средства за да го реализираат бизнисот. Финансиските средства ќе бидат наменети за купување на опрема и материјали за работа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk