Над 100 кумановски фирми на листа за бришење во Централен регистар

01.02.2016 15:17 | KumanovoNews

Најмалку 100 кумановски фирми со различни дејности и помал број липковски и фирми од општина Старо Нагоричане, се на листата за бришење на  Централниот регистар, затоа што до 31 декември 2015 година не поднеле годишна сметка за деловната 2014 година.

Над 100 кумановски фирми на листа за бришење во Централен регистар

На листата се и компании кои  не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче или по истекот на една година од објавувањето на уписот, на веб страницата на Централниот регистар за извршениот упис на основање не го внеле или уплатиле основачкиот влог.

Регистарот ги повикува законските застапници во рок од една година да поднесат предлог за стечај или предлог за ликвидација и за тоа писмено да го известат. Ако не го сторат тоа тогаш Централниот регистар ќе ги избрише субјектите и тоа ќе го објави на својата веб страница.

Централниот регистар објави список на 8.849 фирми на листата за бришење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk