Над 1000 административци чистеа ѓубре во Куманово

14.12.2019 13:39 | KumanovoNews

 Над илјада админстративци од институциите на централно и локално ниво, меѓу кои пратеници, советници, директори, раководители, судии, цариници, денеска чистеа ѓубре на повеќе локаци во Куманово.

Над 1000 административци чистеа ѓубре во Куманово

„Сите институции во Општина Куманово земаа учество во денешната акција. Се чистеше на локациите кај Градскиот базен, зад спортската сала и училиштето Перо Наков, Градскиот парк, во центарот на градот и околу Зелениот пазар, во кругот на СВР Куманово и на други места. Се надевам дека оваа акција ќе премине во пракса, заради почиста животна средина, но и ќе делува превентивно за развивање на свеста кај граѓаните“, - изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.

 Според слободна проценка во акцијата учествуваа околу 1500 административци од Куманово.

Со акцијата за чистење администрацијата го одработува 2 јануари, кој за нив оваа година беше неработен ден.

 Акцијата ја организираше Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, а целта е подигнување на свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот и грижа за животната средина. Најавија дека ваква акција ќе се организира и напролет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk