Над 120 повреди и несреќи на работа

29.02.2016 15:47 | KumanovoNews

Според меѓународната организација на трудот околу 2,3 милиони луѓе во светот умираат како последица на професионални болести и несреќи, а кај нас во 2014 година имало 120 повреди и несреќи на работа,- објавија од Македонското здружение за заштита при работа.

Над 120 повреди и несреќи на работа

Сојузот на синдикатите на Македонија и Македонското здружение за заштита при работа  денеска во Куманово го претставиа проектот за зајакнување на партнерствата помеѓу граѓанските организации и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работа средина.

Основна цел на проектот е подобрување на правата на работниците за безбедни и здрави работни места. Статистиките укажуваат дека несреќите се случуваат околу нас, според меѓународната организација на трудот околу 2, 3 милиони луѓе во светот умираат како последица на професионални болести и несреќи. Македонското здружение за заштита при работа изработува неофицијални извештаи каде што во 2014 година евидентирани се 120 повреди и несреќи, - вели Весна Ристевка, проект менаџер во Македонското здружение за заштита при работа.

Пред отпочнување на проектот била спроведена кампања, со која се подигнати капацитетите на претседателите на синдикални организации и на претставниците на безбедност и здравје при работа во делот на имплементирањето на најновите измени на законот за безбедност при работа.

Она што е најзначајно со најновите измени му се овозможува на претседателот на синдикатот да врши контрола на сите работни места најмалку 2 пати годишно и на некој начин воведовме и еден проевропски тип кој обезбедува на самиот синдикалец доколку утврди дека не се исполнети безбедносните услови да обезбеди дури и прекин на работата. Исто така многу значајно е што овој закон му се овозможува на претседателот на синдикатот задолжително да биде присутен при составување на записникот во рок од 48 часа, работодавачот задолжително мора да го информира за повредите при работа, исто така новина е што за помлади категории на лица па и за оние што обавуваат работа како студенти или друг тип на млади работници, задолжително е спроведување на обука за безбедност и здравје при работа, - изјави Живко Митревски претседател на ССМ.

Претседателот на регионалниот синдикат во Куманово, Миле Спасовски вели дека како дел од проектот извршиле анкети во неколку претпријатија и установи во Куманово, Крива Паланка и Кратово, при што констатирале дека вработените и претставниците за безбедност при работа се информирани и го познаваат доволно законот.

Мое мислење од овие анкетирани беше дека секаде во оние претпријатија каде има синдикално организирање, вработените за безбедност и здравје при работа подобро го познаваат законот и неговата примена, - смета Спасовски.

Лидија Насковска магистар и советник на претседателот за проекти ЕУ и интеграција ССМ, очекува по завршувањето на проектот да се имплементира законот во целост и  да се преземат сите неопходни мерки за негова примиена. Со тоа ќе се подогине свеста на работодавачи и ќе се намалат несреќите при работа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk