Над 2.500 места за упис во прва година

05.04.2016 10:00 | KumanovoNews

Над 2.500 слободни места за упис во прва година има во средните училишта во Куманово.

Над 2.500 места за упис во прва година

Според објавениот Конкурс на Министерството за образование и наука, во гимназијата Гоце Делчев во прва година ќе се запишат 374 ученици во 11 паралелки. Во стручното општинско училиште „Киро Бурназ“ има место за 510 ученици во 15 паралелки. Во „Перо Наков“ во прва година можат да се запишат 714 ученици во 21 паралелка.Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ има слободни места за 684 ученици во 21 паралелка.

Во средното општинско училиште „Исмет Јашари“ во Липково во прва година ќе се запишат 136 ученици во четири паралелки на албански наставен јазик.

Првиот уписен е на 28 и 29 јуни, а има и августовски уписен рок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk