Над 20 заболени од дијабетес откриени при три мерења на шеќер

07.10.2015 08:16 | KumanovoNews

Здружението на дијабетичари Куманово преку бесплатни мерења на шеќер во крвта минатата недела на Глажња, во селата Липково и Бајловце открила повеќе од 20 заболени од дијабетес.

Над 20 заболени од дијабетес откриени при три мерења на шеќер

Се работи за повозрасни мажи и жени, кои се упатени на понатамошно лекување.

Пресметките се дека 6.7 отсто од прегледаните се заболени од дијабетес. Во село Бајловце прегледавме 138, во Липково 51 и на Глажња 67 луѓе. Наша цел е да ги откриеме тие луѓе и да им дадеме совети како понатаму да ја третираат болеста - вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

Здружението на дијабетичари Куманово оваа година ќе организира бесплатни мерења на шеќер во крвта во повеќе од 10 села.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk