Над 2500 слободни места за упис во средните училишта

03.04.2015 07:14 | KumanovoNews

Во средните училишта во Куманово има 2554 слободни места за упис во прва година во учебната 2015/2016 година, додека во општина Липково 136 слободни места.

Над 2500 слободни места за упис во средните училишта

Во Гимназијата “Гоце Делчев“ 374 ученици можат да се запишат во 11 паралелки на македонски и една на српски јазик. Во Гимназија “Сами Фрашери“ има 272 места за формирање на 8 паралелки на албански наставен јазик. Во Земјоделското “Киро Бурназ“ со конкурсот се предвидени 510 места од кои 11 паралелки ќе учат на македонски и 4 на албански наставен јазик. Во “Перо Наков“ има место за 714 ученици распоредени во 10 паралелки на македонски и 11 на албански наставен јазик, а во “Наце Буѓони“ 684 места се за прием на ученици во 10 паралелки на македонски и 11 на албански јазик.

Во “Исмет Јашари“ во Липково 136 ученици ќе се запишат во прва година.

Во Гимназиите се бараат минимум 60 поени, за медицинските струки 70, а за останатите профили помал број на поени.

Уписот ќе биде на 22 и 23 јуни, на 29 и 30 јуни, како и на 24 август.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk