Над 26.000 тони пченица произведени во кумановско

05.05.2015 08:55 | KumanovoNews

Во кумановската околина лани се произведени 26.550 тони пченица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Над 26.000 тони пченица произведени во кумановско

Со пченица биле засеани 7.584 хектари, а приносот по хектар е 3.501 килограми. Во Липково во 2014 година се произведени 7.203 тони пченица, во Крива Паланка 128 тони, во Кратово 1.480 тони, во Ранковце 1.644 тони, и во општина Старо Нагоричане 7.174 тони пченица.

Во кумановско за разлика од пченица и јачмен,  многу помалку се произведува пченка, сончоглед и р'ж.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk