Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесет и тројца граѓани денеска оствариле средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на првиот приемен ден.
Според информациите од Одделението за односи со јавност во општина Куманово, најголем дел од барањата биле за еднократна парична помош, вработување и проблеми од урбанизмот, пред се поврзани со легализација на објекти. На средбата немало поплаки за работата на општинските служби.
„Во најголем дел се сведуваат барања за еднократна парична помош од страна на социјалните случаи и барања за вработување на лица, членови на семејството. Барања и согледувања кои се однесуваат во делот на инфраструктурата во градот и други проблеми кои ги засегаат граѓаните, голем број идеи за промоција, изработка на каталози, рекламирање на општината, иницијативи од граѓански здруженија за културни манфиестации и нови културни настани во градот“, - изјави Димитриевски.
Градоначалникот Димитриевски, од денеска па секој нареден четврток ќе организира приемен ден за граѓаните од 10 до 14 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk