Над 40 крводарувања во денешната акција на СВР Куманово

17.02.2022 15:28 | Сузана Николиќ

Во просториите на СВР Куманово денска се одржа крводарителска акција на која се собрени 41 единица на крв.  Оваа прва крводарителска кација што се организира оваа година.

Над 40 крводарувања во денешната акција на СВР Куманово

„Согласно годишниот план на МВР за 2022 година, денеска во периодот од 9 до 15 часот во СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените. Ова е прва крводарителска акција од планираните три за оваа година. Собрани се 41 крвна единица“, информираат од СВР Куманово. 

Инаку, минатата недела била спроведена и крводарителска акција на подрачјето на Крива Паланка во која крв дарувале 27 полициски службеници. Во 2021 година во СВР Куманово имало 110 крводарувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk