Над 400 пожари изгаснала Противпожарната единица

09.01.2014 11:14 | KumanovoNews

426 интервенции на пожари бележи Противпожарната единица Куманово во 2013 година.

Над 400 пожари изгаснала Противпожарната единица

Од нив 212 се пожари на отворен простор, 97 на запалени објекти, 17 на моторни возила, 79 други интервенции на запалено сено, слама, диви депони, депонија Краста и 21 техничка интервенција при сообраќајни незгоди и поплави.

Кога се работи за пожари бројката е голема. Искрено би сакал бројката да биде што е можно помала, меѓутоа состојбата е таква. За разлика од 2012, 2013 година ја завршивме со 80 интервенции помалку - изјави Деан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.

Во текот на летната сезона Противпожарната единица ангажира дваесетина сезонски пожарникари, а лани се вработени 7 нови пожарникари.

Со новите 7 вработени имаме вкупно 30 вработени што за Општина Куманово сепак е мала бројка. Се надевам дека како што оваа година примивме 7 луѓе, дека во континуитет ќе продолжиме со таа динамика. Тоа е веќе кадровска политика, мислам дека во општината веќе имаат размислувано на оваа тема и сигурно нешто ќе се преземе - вели Илиевски.

Противпожарната единица очекува  и оваа година да се подобри екипираноста на тимот се во интерес на подобра услуга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk