Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голем е интересот на кумановските пензионери за бесплатна бања, а помалку за бесплатен туристички викенд.
Во подрачната канцеларија на ПИОМ, досега 506 пензионери поднеле барања за користење на бесплатно бањско лекување, а 120 за бесплатен туристички викенд, кој се воведува од оваа година.
“Аплицирањето ќе трае до 16 февруари. При аплицирање за бесплатно бањско лекување и туристички викенд, потребно е потполнето барање кое го потполнува референт во ПИОМ, пензискиот чек на увид, а доколку странката е корисник на странска пензија на увид се носи висината на пензијата. Доколку уште не користи странска пензија, а ќе почне да ја зема потполнува изјава. Поднесени се 626 барања и самите бројки покажуваат дека поголем интерес има за бањско лекување“ - вели Мирослав Стојановски, раководител на ПИОМ Куманово.
Минатата години за истата поволност аплицирале 1300 пензионери, а на бањско лекување заминале 300 пензионери.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk