Над 500 семејства оштетени од невремето

22.06.2011 14:17 | KumanovoNews

 Над 500 барања за обештетување пристигнале во општина Куманово за штети предизвикани од поројниот дожд и град  што го зафати кумановскиот регион на почетокот на месецот. Од нив околу 80 се однесуваат на поплавени подрумски простории, а останатите отпаѓаат на уништени житни култури и овоштарници.

Над 500 семејства оштетени од невремето

Три комисии секојдневно се на терен ја проценуваат предизвиканата штета.

„Она што досега го имаме од комисиите е  дека имаме целосно уништување од 100 проценти на житата во селата Романовце, м.в. Мачја глава, Лопате, Љубодраг и Режановце, а помали се оштетувањата во населбите Карпош, Ајдучка чешма и околните населби.Веќе осум дена комисиите се на терен и сеуште ја немаме целата штета -вели Зоран Павловски од општина Куманово .

Откако ќе биде усвоен извештајот на Седница на Советот на општина Куманово, ќе  се препрати  до  Владата на Р.Македонија од каде треба да се обезбедат сретства за обештетување.

За проценката на штетите постои посебна процедура.Постои посебна методологија, посебни табели за градинарските култури, за згради и за патишта. Се прави елаборат, се документира со количество на врнежи и се доставува до Владата и тука завршува официјалниот дел на локалната самоуправа. Колку ќе бидат обештетени граѓаните и во колкав процент одлучува посебна комисија при Министерство за финансии- вели Павловски.

Општината Куманово во буџетот има предвидено резервен фонд за сите вонредни потреби.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk