Над 5000 кумановци не поднеле барање за електронска здравствена картичка

20.11.2013 15:50 | KumanovoNews

5264 кумановци не поднеле барања во подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување за добивање на електронска здравствена картичка.

Над 5000 кумановци не поднеле барање за електронска здравствена картичка

Досега 86.844 осигуреници си ги подигнале картичките, а во подрачната единица на фондот се дистрибуирани 22.991 картички кои допрва ќе ги подигнат корисниците. Во изработка се 4556 електронски здравствени картички, а во меѓувреме се обработуваат 1.697 барања, информираат од ФЗОМ.

Граѓаните кои не аплицирале за добивање на ЕЗК истото ќе треба да го сторат до крајот на годинава.Од наредната година граѓаните ќе мораат да ги користат исклучиво електронските картички, а досегашните книшки и сини картони одат во историја.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk