Над 5000 кумановци поднеле Годишни даночни пријави

02.03.2015 10:42 | KumanovoNews

Во Куманово досега 5230 граѓани поднеле Годишни даночни пријави, потврдуваат од Управата за јавни приходи.

Над 5000 кумановци поднеле Годишни даночни пријави

Граѓаните кои во 2014 година покрај плата и пензија заработиле и пари од закуп, хонорар, игри на среќа и друго, ќе треба до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава во УЈП.

“Даночен период за кој се поднесува Годишната даночна пријава е од 1 јануари 2014 до 31 декември 2014 година. Повеќе информации во врска со пополнувањето и поднесувањето на Годишната даночна пријава граѓаните можат да  добијат на веб страната на Управата за јавни приходи, каде е објавено интерактивното упатство за практично пополнување и поднесување на ГДП како и брошурата за ГДП за утврдување на персонален данок на доход“ - вели Сузана Стошевска Николовска, регионален портпарол на УЈП, Регионална дирекција Штип.

Регионална дирекција Штип и Даночно одделение Куманово  работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk