Над 70 вработени во општинските установи ќе добијат постојана работа

09.03.2015 10:36 | KumanovoNews

Повеќе од 70 вработени во општинските установи ќе добијат решенија за работа, согласно Законот за трансформација на работниот однос.

Над 70 вработени во општинските установи ќе добијат постојана работа

Се работи за 37 вработени во градинката „Ангел Шајче„, 21 вработувањe во Домот за стари лица “Зафир Сајто“, 4 во библиотеката „Тане Георгиевски„ и 3 во Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“.

“Со овој закон се опфатени само установите кои се финансирани со блок дотации од централната власт, и која го контролира и диктира вработувањето во овие институции. Законот се однесува за лицата кои работат по договор на дело или се волонтери. Оние кои се вработени на определено време, не ги опфаќа и за нивно вработување треба да се бара согласност од надлежните министерства“ - вели Валентина Алексовска, секретар во општина Куманово.

Барања за трансформирање на работниот однос се доставени до Министерството за финансии од каде ќе одлучат кој од пријавените ги исполнува условите пропишани со законот.

Од општина Липково велат дека кај нив нема да има трансформирање на договори за вработување, бидејќи немаат локални установи, а најверојатно исто ќе биде и во општината Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk