Над 8.300 годишни даночни пријави поднесени во Куманово

02.03.2017 09:21 | KumanovoNews

  8.388 годишни даночни пријави се поднесени до денеска во даночното оддление на Управата за јавни приходи во Куманово, а вкупно 34.149 пријави во Регионалниот центар Штип.

Над 8.300 годишни даночни пријави поднесени во Куманово

 ОД УЈП Куманово ги потсетуваат граѓаните дека законскиот рок за поднесување на пријавите е 15. март и апелираат да не чекаат последните денови да ги пријават приходите.

„Со цел да се избегнат метежите во последните денови пред крајниот рок, од вчера, УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ). На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја регионалната дирекција Скопје и даночниот шалтер Чаир„, - вели Сузана Стошевска Николовска, раководител во даночното оддление на УЈП Куманово и портпарол во РЦ Штип.

 За сите оние кои досега не поднеле пријава даночното одделeние во Куманово работи секој ден од 8.30 до 18 часот и сабота од 8.30 до 14 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk