Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и двајца кумановци, во последниве два дена, се повредиле откако паднале на тротоарите и улиците на замрзнатиот снег, информираат од Кумановската болница.
Неколку од нив се здобиле со сериозни скршеници, а повеќето поминале со полесни повреди.
“Вчера и денеска 22-ца кумановци побараа помош на хируршкото одделение, поради повреди здобиени од пад на снег. Од нив 15 се амбулантски третирани, бидејќи се работело за лесни повреди, а 5 пациенти имале посериозни скршеници, поради што им е ставен гипс или лонгета. Еден пациент имаше скршеница на колк и е опериран во кумановската болница, а еден е испратен на лекување во Скопје“ - велат за Кумановоњус од хируршкото одделение.
Од Брза помош информираат дека двајца кумановци утрово се здобиле со повреди на нозете, откако паднале на замрзнат тротоар.
“Едниот има повреда на скочен зглоб, а другиот повреда на колк. Двајцата пациенти се пренесени на хируршкото одделение во Општа болница Куманово. “ - рекоа од Брзата помош.
Лекарите велат дека бројот на полесно повредени граѓани по кумановските улици е многу поголем, бидејќи не сите доаѓаат на лекар. Затоа апелираат граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат на вакво време, бидејќи постои опасност да паднат и да се повредат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk