“Нада Михајлова“ ќе го одбележи Благовец

01.04.2014 08:08 | KumanovoNews

 Организацијата на жени “Нада Михајлова“ во понеделник традиционално по повод Благовец ќе сечат колач во црквата Света Троица.

“Нада Михајлова“ ќе го одбележи Благовец

Празникот ќе го одбележиме со славските ритуали, а попладне во нашите простории во месна заедница “Трета МУБ“ ќе организираме поетско читање. Гости ќе ни бидат поети од новиот поетски клуб “Симбиоза“, но поезија ќе читаат и членови на нашиот литературен клуб “Обденица“ - вели Зора Ивановска, претседател на здружение “Нада Михајлова“.

Членовите на ова здружение 13 - та година по ред на ваков начин го одбележуваат Благовец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk