Надлежните апелираат да не се пали огин на отворено

22.03.2019 13:23 | KumanovoNews

Дирекцијата за заштита и спасување подрачно одделение Куманово, апелира до граѓаните и правните субејкти за поголема будност и заштита од пожари на шуми и друг отворен простор.

Надлежните апелираат да не се пали огин на отворено

„Поради сушата и невообичаено високите температури за овој период од годината, а со цел да се намали опасноста од настанување и ширење на пожари на шуми и други отворени простори, Дирекцијата за заштита и спасување апелира:

- Да не се пали оган во шуми, на отворен простор и на необезбедени места

- Да не се палат стрништа, меѓи и други површини

- Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад

- Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал

- Да не се фрлаат остатоци од цигари

- Да се коси и отстранува сувата трева и друга сува вегетација.

На територијата на Куманово, противпожарната единица секојдневно интервенира на голем број на пожари на отворен простор, токму поради неодговорноста на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk