Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Есенва има наезда на глувци по нивите и во амбарите во кумановско.
Според земјоделците глодарите го напаѓаат зеленчукот, пченката, житата, влегуваат во домовите на луѓето и прават голема штета. Тие сметаат дека поради релативно топлото време, глувците брзо се размножуваат и затоа ги има насекаде.
“Не паметам кога последен пат сум видел сокол или лисица, а се знае дека тие ги јадат глувците. Во нивите ги има многу и таму е тешко да се уништат, тоа е голема површина. Ни прават големи штети и мора да купуваме отрови за да се заштитиме“ - вели Јовица Спасовски, земјоделец од село Младо Нагоричане.
Од земјоделските аптеки велат дека оваа година има голема побарувачка за отров за глувци. Купуваат не само земјоделци, туку и останатите граѓани.
“ Овде работам десет години и за прв пат толку многу се продава отров за глувци. Купуваат парафински блокчиња, од кои глувците за задушуваат, бегаат надвор и надвор умираат. Се жалат луѓето дека им влегуваат во домовите, или во пластениците каде има пиперки им го уништуваат родот“ - вели агроном од земјоделска аптека.
Годинава на наезда од глувци се пожалија и жителите од пелагониските села.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk