Награда за документарните филмови Куклици и Двојните цркви

08.11.2018 14:19 | KumanovoNews

 „Камените кукли раскажуваат“ и „Двојните цркви во кумановско” од вишиот кустос Анита Трајковска -Ѓорѓиоска и кустосот Валентина Андреиќ од Кумановскиот музеј се документарните филмови кои освоја „Специјална плакета за истражувачка сторија“ и „Плакета за најдобра репортажа“ на 26 Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.

Награда за документарните филмови Куклици и Двојните цркви

Филмот „Камените кукли раскажуваат” говори за обичаите и традицијата на шопска свадба која години наназад се одвива на локалитетот Куклица, кратовско. Документарниот етнолошки филм ќе остане како трајно сведоштво за постоењето и зачувувањето на традиционалната култура и ќе биде промовиран и пред македонската јавност.

Во филмот „Двојните цркви во кумановско“, се прикажани црквите Свети Спас во Дозвезнце, Света Петка во Младо Нагоричане, Света Параскева во Мургаш, Света Петка во Пезово и двојната црква во Сув Ора, посветена на Свети Никола и Свети Ѓорѓи. Црквите потекнуваат од 16 и 17 век од поствизантиски период, градени во османлискиот период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk