Награда за претставата “Различното, не е погрешно“

26.03.2015 08:36 | KumanovoNews

Претставата “Различното, не е погрешно“, која ја играат учениците од Гимназија “Гоце Делчев“, пред два дена доби награда за најдобра претстава на Франкофонскиот театар во Скопје.

Награда за претставата “Различното, не е погрешно“

Претставата е работена по текст на ученичката Ана Младеновска, која е прогласена за најдобра актерка.

“Во конкуренција на шест претстави на француски, ние бевме најдобри. Во претставата учествуваа шест ученици и навистина беа прекрасни. Како награда добија можност да работат со професионален режисер, кој ќе ни помогне подобро да ја изведеме претставата на Франкофонската вечер во мај, која ќе ја организира Француската амбасада“ - кажа Милена Денчевска, професорка по француски јазик во “Гоце Делчев“.

Франкофонскиот театар го организираат Францускиот институт од Скопје и Здружение на професори по француски јазик.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk