Награда за трајни вредности за документарецот „Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба“

01.11.2022 15:10 | KumanovoNews

Документарниот филм „Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба“ од Валентина Андреиќ, доби специјална плакета за трајни вредности на 30-тиот  Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола. 

Награда за трајни вредности за документарецот „Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба“

 Во филмот се обработени пет цркви од кумановскиот крај „Св Богородица“ од селото Пчиња, „Св Никола“ во Винце, „Св Илија“ во Живиње,„Св Никола“ од К’шање и „Св Атанасиј“ во Кокошиње. Сценарието и режијата е на Валентина Андреиќ, виш кустос историчар на уметноста, а главен и одговорен уредник е Мери Николиќ, директорка на НУ Музеј Куманово. Како соработници на проектот се јавуваат колегите на авторката од музејот Славица Крстиќ, Валентина Илиевска, Данијела Даиловска и Мирослав Петковски. Музиката е на Летка Димовска Полизова, уметнички директор на хорот „Св. Злата Мегленска“ од Скопје. Документарниот филм е изработен во соработка со ТВ Плус Куманово.

Документарниот филм “Неколку цркви од Кумановско со царски двери во резба“ е проект подржан од Министерството за култура за 2022 година.

Фестивалот „Камера 300“ се одржа викендов во Битола и беа прикажани 40 документарни филмови од 11 европски држави меѓу кои Велика Британија, Турција, Бугарија, Словенијаи еден филм од САД. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk