Награда за вокално-иструментален настап на „Панче Пешев„ во Долнени

10.07.2017 13:21 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ освои награда за најдобар вокално-иструментален настап на фестивалот на изворни народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени.

Награда за вокално-иструментален настап на „Панче Пешев„ во Долнени

„Настапивме со “Велигденско кумово оро” во изведба на изворниот оркестар и женска пејачка група со песната “Димко делија коња играја” со што освоивме прво место, и добивме стауетка за најдобар вокално инструментален настап, - изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД “Панче Пешев“.

Фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”, викендов се одржа по 43-пат на Рудина кај Долнени, прилепско.

Двете фолклорни вечери биле исполнети со звуците на гајдата, кавалот, тапанот, гуслата како и прекрасната изворна македонска песна. На фестивалот учествувале повеќе од 350 натпреварувачи меѓу кои изведувачи од Пробиштип, Кочани, Истибања, Битола, Демир Хисар како и членовите на КУД “Панче Пешев” од Куманово. За прв пат настапила и влашката пејачка група од Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk