Наградата „11 Ноември“ за д-р Стаменковска и за Општа болница Куманово

04.11.2020 12:30 | KumanovoNews

Епидемиологот Јадранка Стаменковска од Центрот за јавно здравје и Општа болница Куманово,  се меѓу годинешните добитници на наградата „11 Ноември“ за 2020 година што ја доделува Општина Куманово, за постигнати резултати во здравствената заштита.

Наградата „11 Ноември“ за д-р Стаменковска и за Општа болница Куманово

Највисоко општинско признание ќе го добијат и лекарите: инфектолог Азис Бајрами, уролог Александар Трифуновски и офтамолог Али Далипи. Во категоријата на правни лица награда ќе добие и локалната телевизија „Плус“.

Комисијата одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово, одлучи оваа година одлучи да даде шест награди, а предност да имаат здравствените работници.

Претседателот на комисијата Сашо Милковски, изјави дека за разлика од другите години овојпат комисијата едногласно донела одлука да се даде акцент на здравствените работници.

- Дефинитивно ова беше нивна година, најмногу допринесоа во борбата протв ковид-19 и тие беа првиот заштитен столб од оваа невидлива болест, - изјави Милковски.

Наградите ќе им бидат врачени на свечената седница на Денот на ослободување на Куманово-11 Ноември.

Оваа година биле предложени 21 кандидат за Ноемвриска награда, од кои 14 физички и 7 правни лица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk