Наградена фотографија на Марјан Јаневски-Шалајко

28.04.2018 18:50 | KumanovoNews

Фоторепортерот Марјан Јаневски- Шалајко од Куманово ја доби првата награда за фотографија од екологија на конкурсот на ТВ Телма и МЦМС за граѓански новинари.

Наградена фотографија на Марјан Јаневски-Шалајко

Јаневски конкурурал со серија фотографии за загаденоста на реката Кумановка и несовесниот однос на граѓаните кон животната средина.

Победи фотографија како деца фрлаат ѓубре  во реката Кумановка.

Покрај за екологијата наградени се приказни и фотографии на темите од образованието, корупцијата и дискриминацијата.

Целта на проектот е создавање на ангажирана и критички настроена јавност, како и создавање мост помеѓу граѓанското и професионалното новинарство. Преку кратките вести и стории граѓаните покажуваат волја да не бидат само неутрални набљудувачи туку активни учесници, како и да ја прикажат промената што сакаат да ја видат во општеството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk