Наградени ученици по пеење и хармоника

13.05.2013 10:39 | KumanovoNews

 Учениците од музичкото училиште “Панче Пешев“ освоија награди на Меѓународен натпревар по соло пеење во Арангеловац, Србија и на државен натпревар на млади музичари во Скопје.

Наградени ученици по пеење и хармоника

Во категоријата соло пеење: Исмет Вејсели, ученик во втора година,  освоил прво место во Арангеловац и во Скопје, додека Ангела Костова, од трета година се пласирала на второ место на натпреварот во Скопје.

Во категорија хармоника прва награда добил Филип Трајковски, а втор е Петар Штерјовски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk