Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Фото клубот Куманово освоија повеќе награди и признанија на домашни и меѓународни изложби на уметничка фотографија.
„Како позначајни награди ги издвојуваме: бронзен медал и диплома на Меѓународна изложба во Полска, диплома на Меѓународна изложба во Босна и Херцеговина, бронзен медал на Меѓународната изложба во Иран и дипломи на изложбата во Црна Гора. На меѓународните изложби во Турција членовите се закитија со бронзен медал и дипломи„, - соопштуваат од Фото клубот.
Во изминатиот период беа реализирани и повеќе активности заради промоција и анимирање на уметничката фотографија. Членовите на клубот одржале предавање од областа на уметничката фотографија во Прилеп.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk