Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една поединечна и две колективни пофалници се врачени на кумановци, по повод денот на Царинската управа на Република Македонија.
Бобан Николовски, шеф на царинска испостава Табановце автопат, Царинарница Куманово за постигнати исклучителни резултати и приватната фирма Филипфрос Куманово за успешна соработка, добија признанија во вид на плакета и пофалница од Царинската управа на Република Македонија, по повод 14 април Денот на царинската управа.
Признанијата се доделени заради постигнати исклучителни резултати во работењето, со што се придонесува кон порационално, поефикасно и поквалитетно работење на Царинската управа.
Директорката Радеска Крстевска истакна дека успесите во Царинската управа се резултат на повеќегодишна, фокусирана, трпелива и тимска работа на стручните луѓе во Царинската управа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk