Награди за млади поети на „Ракатки 2016“

18.04.2016 10:05 | KumanovoNews

Учениците Андреј Јакимовски од основното училиште „Вук Караџиќ“ и Теона Тодоровска од „Христијан Карпош“, го поделија второто место на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки 2016„ што по дванаесетти пат се одржа во Скопје.

Награди за млади поети на „Ракатки 2016“

Оваа година под мотото: „Во целиот свет-детето е дете“, на главната фестивалска вечер настапиле триесет наградени ученици.

 Основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Христијан Тодоровски - Карош“од Куманово ја имаа честа да ги бранат боите на својот град и да учествуваат на овој реномиран детски литературен фестивал. Секое основно училиште од Република Македонија има право да прати по една творба на претходно распишан конкурс, а потоа Фестивалскиот одбор ги избира најдобрите творби и ги наградува“, - велат наставниците  Николче Јакимовски и Сања Јакимовска.  

Освен прекрасното читање на наградените творби на фестивалската вечер, учениците и нивните ментори од цела Македонија имале можност да се дружат и да се запознаат со многу писатели за деца во Друштвото на писателите на Македонија, да посетат неколку музеи, цркви и знаменитости на главниот град, Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk