Награди за најверните купувачи во Алфи

14.12.2012 14:47 | KumanovoNews

 Даниела Даниловска од Куманово е најверен купувач на Техноцентар Алфи во ноември. Денеска во просториите на центарот и беше доделена наградата ЛЦД телевизор.

Награди за најверните купувачи во Алфи

Даниловска во текот на месецот ноември купила технички производи и мебел во износ од 171.928 денари.

Посебна благодарност изразувам до Техноцентарот Алфи, кој во текот на овој месец ни помогна да се снабдиме со производи кои ни се потребни за вселување во новиот стан. Искрено, потајно се надевав дека јас ќе бидам добитникот на овој прекрасен 42 инчен ЛЦД телевизор. Задоволна сум од услугата и производите кои Техноцентарот ги нуди и ќе продолжам понатаму да купувам-изјави добитничката на наградата.

Компанијата ќе остане верна на традицијата да ги наградува најверните купувачи.

Техноцентар Алфи со наградувањето за најдобар купувач почна од 2012 година и континуирано секој месец ги наградуваме најверните купувачи со нашите производи. така ќе остане и во иднина -изјави Драгана Стоилковиќ, вработена во Техноцентар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk