Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во штала во липковското село Лојане, полицијата пронашла 35 мигранти кои насилно биле држани од сопствениците на куќата и од неколку Авганистанци и Пакистанци.
Имено, вчера по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово од страна на полициски службеници од СВР Куманово во кординација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Оддел за гранични работи и миграции извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ќ.А.(46) од село Лојане, при што во помошна просторија-штала биле пронајдени 35 мигранти.
За време на претресот сопственикот не бил присутен, а додека во домот бил затекнат неговиот син Р.А.(18). Освен мигрантите пронајдени во помошната просторија во село Лојане пронајдени и лишени од слобода се и О.К.(25) и М.Д.(40) од Авганистан, С.С.(33), Н.А.(18), А.А.(19) и А.М.(20) сите од Пакистан за кои постојан сомненија дека противправно ги држеле лицата Л.М. од Сирија со нејзините четири малолетни деца и Х.У. исто така од Сирија со неговите две малолетни деца.
Синот на сопственикот на куќата од село Лојане Р.А. е приведен, додека по неговиот татко се трага поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење мигранти“и против нив ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.
Во СВР Куманово се приведени и странските државјани за кои исто така постои основи на сомнение за сторено „криумчарење на мигранти“ и против нив исто така ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk