Најдобрата уметничка слика подарок за градоначалникот

07.11.2013 09:48 | KumanovoNews

 Здружение за грижи и воспитување на децата ќе му ја подарат на градоначалникот најдобрата слика од ликовната колонија во ОУ “Вук Караџиќ“.

Најдобрата уметничка слика подарок за градоначалникот

Денеска жири комисија ќе ја избере најубавата слика и по повод празникот 11 Ноември ќе му ја подариме на градоначалникот. Колонијата помина успешно, имаше по двајца учесници од 6 основни училишта во градот. Тие изработуваа слики со поликлор за тоа како во минатото, сегашноста и иднината го гледаат својот град - рече Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата Куманово.

Ова е втора година по ред како здружението во чест на празникот на градот организира ликовна колонија.

                                                           (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk