Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 17 часот во Куманово излезноста на гласачите е 40,98 %.
Најголема излезност со 68,75 проценти има гласачкото место 1.150 во селото Мургаш, каде гласале 11 од 16 запишани избирачи во избирачкиот список. Ажурни биле и гласачите во селата К’шање и Габреш и тука излезноста е 58,82 посто.
Во однос на општините во регионот, најголем процент на излезност има во Старо Нагоричане со 44,43 посто, или 1.352 избирачи. Во избирачкиот список се запишани 3.047 жители со право на глас.
Во Општина Липково гласале 8.321 избирачи, што е 32,01 проценти од вкупниот број на запишани- 25.998 лица.
До 17 часот на претседателските избори во државата гласале 44,18 отсто од избирачите запишани во Избирачкиот список. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1.708 избирачки места гласале 397.612 граѓани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk