Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Храната и пијалоците претрпеле најголемо зголемување во текот на еден месец, од февруари до март за 1.462 денари, а од декември минатата година досега се потребни 1.951 денари повеќе. Според Сојуз на синдикати на Македонија за ова ставка за едно четиричлено семејство потребни се 22.681 денари.
Потрошувачката кошничка во март годинава чини безмалку 59.000 денари за покривање на основните месечни потреби, односно за 1.522 денари повеќе од февруари.
„Вредноста на минималната синдикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалаците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехранбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени“, се наведува во соопштението на ССМ.
Синдикалното здружение предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандард на работниците и граѓаните. ССМ не очекува ниту дека мартовското зголемување на загарантираната минимална плата од 22.567 денари да има позитивен ефект.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk