Најхрабрите и најсовесните направија СИДА тест

29.11.2013 14:03 | KumanovoNews

Двајца членови на високото општинско раководство на СДСМ, денеска направија СИДА/ХИВ тест и со личен пример покажаа дека граѓаните треба да се тестираат и кога не се дел од ризичните групи

Најхрабрите и најсовесните направија СИДА тест

По повод Светскиот ден за борба против ХИВ/Сида, секретарот на општинската организација, Томица Илиќ и координаторката на Форумот на жени на СДСМ,  Атина Мургашанска, денеска доброволно направија ХИВ тест во Советовалиштето за анонимано и доверливо советување и тестирање во Куманово. Тие одлучија со личен пример да им покажат на граѓаните дека треба да се води сметка за сопственото здравје и да не се избегнува тестирањето.

На овој начин сакаме да се вклучиме во светската кампања „Зборувај за ХИВ-направи ХИВ тест„. За жал ХИВ и сидата земаат се поголем замав, а кај нас се табу тема. ХИВ тестот е многу едноставна безболна постапка, слична на било која друга анализа на крв. Резултатите се добиваат веднаш во дискретна и доверлива процедура. Апелираме до сите граѓани, кои од било кои причини досега не се одлучиле да направат тест, тоа да го сторат во најскоро време заради сопствената и безбедноста на својот партнер.- велат Мургашанска и Илиќ.

По повод 1 Декември, Светскиот ден за борба против СИДА, прес конференција одржаа и од општинската организација на СДСМ.  

 ХИВ, како вирус кој се пренесува преку телесните течности, може да се случи секому од нас и погрешно е да се верува дека постои само кај зависниците од дрога и граѓаните со различна сексуална ориентација.СДСМ верува во значајноста на доброто образование и информираноста, која понекогаш доаѓа во различни облици и надвор од образовниот систем. Се надеваме дека со овој гест ќе покажеме добар пример на нашите сограѓани. - рече Андријана Колевска, член на централен одбор на СДСМ.

 Тестирањето во Советувалиштето за анонимно и доверливо советување и тестирање во Куманово, за секој граѓанин е бесплатно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk