Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под мотото „Дрвја за планетата Земја“ денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Целта е да се спроведат акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарда дрвја до 2020 година.
Со различни активности, Денот на планетата Земја беше одбележан во Куманово.Најмладите од градинката „Бубамара“ садеа цвеќе,го уредуваа дворот и занималните,цртаа на платно и изработуваа еко кукли од рециклиран материјал.
„Секој во својата група има различни активности, се црташе на платно, се изработуваше од рециклиран материјал еколошки кукли,со цел уште од најмала возраст да се подигне свеста за зачувувањето на животната средина“-изјави,Татјана Стојановска, воспитувач во градинката.
Во објектот „Бубамара“ функциоионираат билингвални групи,кои денеска заедно учеа за Денот на планетата Земја.Воспитувачите, се задоволни од знаењето на децата, за важноста од зачувување на планетата и знањето кое најмногу го стекуваат преку песнички.
Денешниот ден се одбележува во Македонија со повеќе акции..Денот на планетата земја за првпат е одбележан уште во 1969 година во Сан Франциско.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk