Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на општината Липково предничат пред Куманово и Старо Нагоричене при изградба на објекти без соодветна документација.
Во општината Липково лани се изградени четириесетина дивоградби , стои во соопштение на Државниот завод за статистика. Од нив 37 се куќи, 2 се деловни објекти и едни скали.
Во Куманово се регистрирани 31 дивоградба од кои 7 се куќи, 4 доградби, 1 деловен објект, 2 огради, 2 скалила, 1 летна тераса, 1 натстрешница, 6 времени објекти и 7 помошни простории.
Во 2013 година во општина Старо Нагоричане воопшто немало градење на диво.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk