Најмногу дожд наврна во Куманово

18.07.2018 10:54 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 7 литри на метар квадратен, наврна во Куманово, а најмалку по еден литар во Дојран, Гевгелија и Ѓуриште.

Најмногу дожд наврна во Куманово

 Силни врнежи од дожд и силен ветар го зафатија Куманово вчера околу 14.30 часот, а врнежи од дожд имаше и попладне.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено ќе биде изразен долж повардарието и во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена, а УВ индексот ќе достигне до осум.

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk