Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Куманово

28.06.2024 10:26 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа најмногу дожад наврнал во Куманово – 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, Охрид, Берово, Струмица и Крушево по еден литар на метар квадратен.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Куманово

Во Тетово – 8, во Скопје-Петровец и во Дебар  – 5, во Демир Капија – 3, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Оттаму нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Утрово времето во државава е сончево со мала до умерена облачност. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. UV=7

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk