Намален бројот на активни невработени во регионот

16.09.2013 13:29 | KumanovoNews

Бројот на невработени граѓани кои активно бараат работа во градовите од североисточен регион се намалува секој месец.

Намален бројот на активни невработени во регионот

Според статистиката на Државната агенција за вработување во јули во Куманово имало 5867 активни баратели на работа, а во јуни 5928 граѓани. Во Крива Паланка во јули регистрирани се 3058 активни невработени, а во јуни биле 3105. Во Кратово во јули активно барале работа 953 невработени, а во јуни имало 1109 активни невработени лица.

 Главен мотив да се пријавуваат во Агенција за вработување на граѓаните им е за добивање на здравствено осигурување или за да искористат некоја програма за преквалификација. Да не се лажеме во ова партизирано општество никој не се пријавува во Агенција за вработување со очекување дека ќе му најдат работа. Граѓаните работа наоѓаат по приватни или партиски основи - вели социлогот Зоран Петрушевски.

Од месец во месец бројката на активни баратели на работа во Куманово се намалува за педесетина луѓе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk