Намален бројот на мигранти во село Табановце

22.08.2015 11:25 | KumanovoNews

Намалена е фреквенцијата на мигранти во селото Табановце, потврдуваат од месната заедница во селото.

Намален бројот на мигранти во село Табановце

Раскажуваат дека во текот на вчерашниот ден и утрово над 1000 мигранти со воз заминале за Србија, но бројката на мигранти е помала од претходно.

Синоќа околу 20.30 часот и во 1.30 часот по полноќ заминаа со два воза, како и утрово со еден воз. Сигурно имало над 1000 мигранти. На жителите на Табановце веќе им е сеедно, бидејќи по нивите се им е згазено, оберено, единствено внимаваат да не им влезат во дворови и куќи - вели Драган Станковиќ, претседател на месна заедница во село Табановце.

Вчера во Гевгелија беше тензично, бидејќи полицијата не дозволуваше влез на илегални мигранти во земјава. За денеска најавени се и вонредни железнички линии, за постепено да се намалува бројот на пристигнати мигранти на границата меѓу Македонија и Грција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk