Намален бројот на првачиња во Липково

25.08.2014 06:59 | KumanovoNews

Триста деца се запишани во прво одделение во училиштата во општина Липково што е за 70 деца помалку во однос на лани.

Намален бројот на првачиња во Липково

Намалувањето на првачињата се должи на опаднатиот наталитет и отселувањето во странство.

“Родителите се иселуваат во странство и ги носат и децата со себе. Најголем број првачиња има во Матејче и Слупчане и тоа 60 до 65, а најмалку во Лојане и Ваксинце каде има по 25 деца. Овие 300 деца се запишани во шест централни и нивните подрачни училишта во општината. Дел од наставниците одат во пензија и автоматски нивните паралелки се намалуваат“ - вели Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково.

Во понеделник ќе се разгледува бројната состојба на учениците и ќе се одлучува за формирање на паралелки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk