Намален бројот на заболени од варичела

03.08.2016 10:54 | KumanovoNews

Се намалува бројот на заболени од овчи сипаници во градот.

Намален бројот на заболени од варичела

Во јули се регистрирани 69 случаи за разлика од јуни кога нивниот број достигна 104 лица, а во мај 100. Предходните месеци во просек имало околу 50 заболени.

„Варичелата е карактеристична за пролетните месеци мај и јуни и тогаш го достигнува врвот. Во летните месеци болеста опаѓа. Така е оваа година, - вели докторка Јадранка Стаменковска, епидемиолог во ЦЈЗ Куманово.

Најзафатени се децата до 6 години, а заболувањето го има и кај останатите возрасти.  Заболениот треба да се изолира во домашни услови и да се води сметка за личната хигиена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk