Намален бројот на заболени овци од бруцелоза

12.07.2013 09:05 | KumanovoNews

 Драстично е намален бројот на добиток заболени од бруцелоза, поради масовна вакцинација и тестирање на животните,тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Намален бројот на заболени овци од бруцелоза

На подрачјето на кумановскиот регион масовна вацинација против бруцелоза кај овци и кози се спроведува во населените места Лопате, Сопот, Доброшане, Градиште и во Општината Липково, а во останатите населени места се вакцинира само подмладокот - информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со овој пристап во голема мера е намален бројот на позитивни стада и вкупниот број на позитивни животни во државата, додаваат од оваа институција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk