Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сите шест општини во Североисточниот регион се бележи намалување на населението. Разликата е околу 20 илјади жители, во однос на предходниот и сегашниот попис. Во 2002 имало 172.787, а сега 152.972 жители.
Иако Куманово останува општина со најголем број на жители според објавените податоци на Државниот завод за статистика од пописот на населението во 2021 година, сепак евидентно е намалување на населението во оваа територијана единица.
Имено, во последните 20 години, бројот на жителите се намалил за 7.380, односно од 105.484 население, денес во Куманово има 98.104 жители.
Значителни демографски поместувања се забележуваат и во општина Липково, која од пописот во 2002 година до последните статистички податоци од 2021 година „изгубила“ 5.498 жители. Во оваа општина сега има 22.300 жители, наспроти 27.058 вкупно население од претходниот попис.
Во општина Кратово се регистрирани 7.545 жители или за 2.896 граѓани помалку, а од нив 6.961 се Македонци, 100 Роми, 14 Срби, 8 Албанци итн.
И во Крива Паланка се регистрирани 2.763 жители помалку за разлика од пред 20 години, а според најновите податоци оваа општина брои 18.057 население. Од нив 16.675 се Македонци, 447 се Роми, 66 Срби, 7 Албанци, 2-ца Бошаци.
Старо Нагоричане, пак, брои 1.339 жители помалку и сега има 3.501 жител, додека општина Ранковце има најмалку промени во демографската структура. Бројот на население во оваа општина се намалил за 679 лица и денес има 3.465 жители од кои 3.055 се Македонци, 143 Роми и 14 Срби.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk