Намалена видливост поради магла на патот Куманово - Скопје

20.12.2024 08:54 | KumanovoNews

Намалена видливост порди магла утринава има на повеќе патни правци во земјава.

Намалена  видливост поради магла на патот Куманово - Скопје

„Намалена видливост поради појава на магла од 50 - 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово - Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец М. Брод – Кичево и до 50м. на планинскиот превој Буково“, велат од Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.

Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk