Намалена видливост поради магла на Страцин

02.12.2017 08:39 | KumanovoNews

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.

Намалена видливост поради магла на Страцин

Намалена видливост поради појава на магла од 50 -100 мерти  има на Страцин и од 30 – 40 м. на планинскиот превој Стража.

На Попова Шапка наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Поради обилните врнежи од дожд во целата држава ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот посебно на оние места каде што е можна почеста појава на одрони.

Во клисурите и усеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk