Намалена видливоста поради магла кон Скопје и Свети Николе

21.12.2015 10:06 | KumanovoNews

Поради магла утрово е намалена видливоста на 100 м на патните правци Куманово-Скопје и Куманово-Свети Николе, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија.

Намалена видливоста поради магла кон Скопје и Свети Николе

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 15-­ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk